Гостивар
„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Во Гостивар вечерва по 11-ти пат се одржува манифестацијата „Вешта жена“, настан кој спојува кулинарство, креативност, дружење, забава, заедништво. Натпреварувачките се претставуваат со оригинални трпези со предјадење, главно јадење и десерт и ги декорираат на уникатен начин. Оваа година организаторките решија настанот да биде посветен на љубовта.
„Главната поента годинава ни е да ја потенцираме важоста на љубовта, значи ставаме голем акцент на љубовта. Некако како да ја изгубивме смислата на живеењето, во однос на тоа што им е потребно на луѓето, но сфативме и со пандемијата и после тоа, дека не е се‘ само во парите, туку мора да има љубов. Сите овие натпреварувачки со своите маси докажуваат дека за се‘ треба љубов. Се‘ е со едно такво големо внимание, за воодушевување“, истакна Снежана Стојановска-Жана, претседателка на здружението Вешта жена.
Мира Србиноска, организаторка на Вешта жена во Гостивар изрази големо задоволство од интересот на гостиварки да учествуваат и да ги покажат своите вештини и умеење за подготовка на специјалитети и декорации.
„Интересот е многу голем, секоја година гледаме дека имаме нови натпреварувачки кои сами се пријавуваат за учество, што значи гостиварки го сакаат готвењето и се многу креативни. Идеите си ги осмислуваат самите и навистина може да се оцени дека се на едно високо ниво“, рече Србиноска.
Во натпреварувачки дел за Вешта жена на Гостивар 2023 учествуваат:

Илирида Абази со трпеза „Љубовта на Шрек и Фиона“

Јулијана Златаноста со трпеза „Жена посилна од камен, понежна од цвет“

Билјана Максимоска со трпеза „Ден на љубовта, Св.Валентајн“

Марица Наумовска со трпеза „Св.Трифун, заштитник на грозјето и виното“

Во категорија Гран при учествува Елизабета Питулкова со трпеза „Танго“
Победничката на општинското натпреварување ќе го претставува Гостивар на Републичка Вешта жена 2023.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава