Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Вештачки засладените сокови ги удвојуваат ризиците за мозочен удар

Објавено

на

Американското здружение за срце (АХА) наведува дека повеќе од три четвртини од пациентите кои доживеале мозочен удар еднаш, имаат висок крвен притисок. Тоа, како податок е добиено од истражувањето од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Бостон, кое ги проучува долгорочните влијанија на вештачки засладените пијалаци. Трудот е објавен во списанието „Строук“ (Мозочен удар).

„Нашиот труд е прв којшто објави и за поврзаноста меѓу дневниот внос на вештачки засладени безалкохолни пијалаци и зголемената опасност од деменција, којашто е причина за Алцхајмеровата болест“, велат истражувачите.

Нивните податоци покажуваат дека 77 отсто од тие луѓе имале крвен притисок од 140/90 милиметри на живиниот столб. Притисок до 120/80 се смета за нормално, според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Според лекарите, за да се избегне мозочен удар, мора да се намали крвниот притисок. А, за тоа, потребна е промена во начинот на јадење и пиење. Меѓутоа, дури и ако се намали вносот на сол и алкохол, постојат и други вообичаени намирници што значат опасност.

Се анализирале скоро 3.000 лица на возраст од над 45 години, преку мерење на вносот на пијалаци. Наодите говорат дека учесниците кои пиеле барем еден сок дневно имаат скоро двојно поголема веројатност да добијат мозочен удар од оние кои не пиеле, како и трипати поголема опасност од исхемичен мозочен удар.

„Нашето истражување дава дополнителни докази што го поврзуваат пиењето вештачки засладени пијалоци со опасноста од мозочен удар, особено исхемичен мозочен удар“, велат истражувачите.

Според нивните наоди, луѓето кои пиеле барем еден вештачки засладен пијалак дневно имале и трипати поголема веројатност да развијат Алцхајмерова болест и деменција, отколку оние кои не консумираат засладени напитоци.

Научниците, сепак, велат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди зошто постои зголемена опасност и за мозочен удар и за деменција кај оние кои редовно пијат вештачки засладени пијалаци.

Ралф Сако, претседател на Одделот за неврологија при Медицинскиот факултет „Милер“ и Универзитетот на Мајами во Флорида, смета дека главниот проблем е што вештачки засладените пијалаци се продаваат како наводно „поздрави пијалаци“ од оние засладени со шеќер.

– Американското здружение за срце и Американското здружение за дијабетес претпазливо ја потврдија употребата на вештачки засладувачи наместо шеќер во борбата против дебелината, метаболичкиот синдром и дијабетесот. Но, сѐ уште постои неизвесност за придобивките по здравјето, во однос на вештачките засладувачи, рече Сако.

Повеќе поголеми истражувања ги поврзуваат газираните пијалаци со дијабетес тип 2, срцевите и мозочните удари и деменцијата. А, сѐ поголем број епидемиолошки студии покажуваат и силна поврзаност меѓу честата потрошувачка на вештачки засладувачи и васкуларните исходи и дека можеби не е разумно да се заменат природните со вештачките засладувачи.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена