Поврзи се со нас

Вести

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР силните карактеристики на екипите

Објавено

на

Веспрем – Вардар, ракометно финале.

Која екипа ќе биде на врвот на Европа, Вардар по вторпат или Веспрем по првпат?

Од 18 часот во Келн, ќе се сретнат овие две екипи каде ќе ја одиграат финалната пресметка по која ќе го знаеме одговорот. Секој од клубовите има свои карактеристики, адути, пресметки и причини. Издвојуваме неколку од нив, кои ги одликуваат екипите и со сигурност ќе бидат важен фактор во одлуката, кој да ја однесе „раката“ дома.

ВЕСПРЕМ

„Долга клупа“
Играчите на Веспрем во полуфиналето скоро и да не се потрошија во споредба со Вардар. Сите играчи ротираа и далеку се посвежи влегуваат во финалето од своите противници.

„Х фактор“
Српскиот ракометар Петар Ненадиќ е еден од најдобрите ракометари на денешницата. Кога е расположен, тешко дека некој може да го сопре. Формата на централниот бек е пред кулминација, во полуфиналето со Киелце постигна 12 голови. Најголема опаснот за Вардар.

„Давид Дејвис“
Актуелниот тренер на Веспрем Дејвис, пет години помина на клупата на Вардар, заедно со Раул Гонзалез. Одлично ги познава играчите, системот, менталитетот на екипата. Ова е најголем адут на унгарската екипа.

ВАРДАР

„Карактер“
Нематеријална работа, но јасна и видлива, „карактер“, рече Стојанче Стоилов. Нашиот карактер најдобро го знаат противниците.

„Аутсајдер“
Притисокот е на страната на Веспрем. Клуб кој вложува преку 30 години и сеуште го нема највредниот пехар во колекцијата. Вардар веќе го има. Знаејќи што се очекуваше од екипата на почетокот на првенството и каде се денес. Споредба од која може само да добјат крилја избраниците на Парондо.

„Ѕверот Кристопанс“
Кој го гледаше полуфиналето, јасно им е што сакаме да кажеме.

„Нацијата“
Неверојатна поддршка имаат ракометарите на Вардар. Цела Македонија гори за ова финале, ракометарите знаат дека се веќе херои, но исто знаат и колку им е потребна победата на нацијата, што ќе биде најголем мотив за оние кои ќе истрчаат во 18 часот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 5 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 7 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 9 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 9 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 11 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 12 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 14 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 15 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена