Здравје и убавина
Вежбате, а не слабеете? Еве зошто е тоа така
Тоа што практикуваме интензивна физичка активност не значи и дека ќе слабееме. Иако ова може да ни делува фрустрирачки, постои едноставна причина зошто вежбањето не е доволно за да ги намалиме килограмите.
Многу луѓе интензивно тренираат, но воопшто не губат на тежина, па дури може да се случи и да се здебелат. Во тоа нема никаква мистерија, работата е во тоа што во текот на денот внесуваме многу повеќе калории отколку што трошиме. Без разлика колку напорно да вежбаме, едноставно е невозможно да ослабеме. Еве практичен пример. Ако еден човек трча 5 км со умерено или брзо темпо, троши околу 500 калории. Потоа, ако се почестите слатка пита или се напиете благо кафе со шлаг, ефектот од трчањето паѓа во вода и секако дека нема да ослабете. Секогаш после тренинг јадете некоја полесна храна, јаболко или салата…
Немојте секогаш да ги сметате калориите, но некогаш со проста пресметка може да заклучите што е клучно во слабеењето. Најважно е што се внесува во исхраната после тренингот. За успешна регулација на телесната тежина, треба да се фокусираме на храна со повеќе растителни влакна и протеини, а помалку шеќер и скроб. Исто така е важно да се пие и многу вода и сокови.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград