Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Ви се јаде сладолед на зима? – Слободно почестете се!

Објавено

на

Следниот пат кога ќе ве фати мерак да јадете сладолед во зима или кога вашето дете ќе ви побара од омилениот десерт на студено време, не двоумете се, слободно исполнете ја желбата. Предрасуда е дека сладоледот е наменет само за „летна шема“.  Напротив, препораките и објаснувањата на светски познати лекари се движат токму во спротивна насока: Да се јаде сладолед на ниски температури е корисно за здравјето.

Конзумирањето на сладолед во зима е подобро отколку во лето, поради температурната разлика помеѓу телото и надворешната средина, која е  помала отколку при поголеми жештини, што значи дека се избегнува „температурен шок“ за организмот. Од таму и навиките на населението во скандинавските земји, кои јадат сладолед во зима, а пијат топли чаеви во лето, бидејќи на тој начин се намалува потењето кое на лето е поинтензивно.

Уште една убава вест за оние кои го сакаат сладоледот, но се плашат дека од ледениот десерт ќе ги „фати“ грлото. Сладоледот не предизвикува воспаление на грлото. Вакви проблеми, особено во зимскиот период, доаѓаат како резултат на вирусна или бактериска инфекција, преку валкани раце, играчки кои децата ги ставаат во уста или од друго, веќе заразено лице кое кашла во наша близина. Сепак, не треба да се заборави дека сладоледот треба да се јаде умерено, во помали количини и побавно.

И на крај неколку интересни факти за сладоледот:

-На Хрватското приморје од пред неколку години вистински хит стана сладоледот од канабис. Мајсторите што го прават откриваат дека се состои од 70 отсто брашно од канабис, млеко, шеќер, павлака и шлаг.

-Најскапиот сладолед на светот се служи во луксузно одморалиште во Јужна Калифорнија. Едно стапче сладолед, чини илјада долари. Не паѓајте во невсвест, и рецептот како и цената е екстравагантен. Сладоледот се прави од деланки од 24 каратно злато, смрзнати во „Текилас Премиум Клас Азул Ултра“, специјална марка текила, што се продава по цена од 1500 долари од шише.

-Сладоледот задолжително во својот состав има и воздух. И тоа од 30 до 120 отсто. Толку е дозволеното зголемување на масата на сладоледот, според Правилникот за млечни производи.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена