Поврзи се со нас

Гостивар

Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт

Трагајќи по суштински и стручни одговори на прашања кои ги мачат најголемиот дел од луѓето во денешницата, Gostivarpress.mk направи интерјву со Вида Гаврилоска Бубалова, психолог, европски сертифициран системски и семеен психотерапевт, тренер во Институт за брак, семејство и системска пракса „Алтернатива“- Скопје, која по потекло е од Гостивар. Гаврилоска Бубалова работи на различни теми поврзани со психологија и психотерапија, долгогодишен координатор е на проект за психолошка подршшка на жртви на семејно насилство во соработка со МТСП и долгогодишен тренер на пилот проект наменет за развивање на родителски вештини.

Објавено

на

„Живееме во вртлог на финансиска корист и статусни позиции, со се‘ помалку време за семејството и пријателите“

Gostivarpress.mk: Голем дел од луѓето денес секојдневно живеат погодени од стресот поради динамичниот начин на живот, во постојана трка со обврските, соочени со страв од неизвесноста околу обезбедувањето егзистенција. Колку и како сето тоа влијае врз одржувањето на психолошка рамнотежа кај една личност?

 Гаврилоска Бубалова: Општествените, секако и хуманите вредности трпат промени. Генралната вредност во нашите услови не е веќе да имаш стабилна работа, туку најголем дел од луѓето влегуваат во еден вртлог кој се движи низ призмата на финансиска добит и статусни позиции. Со други зборови критериум за успешност е да имаш две работи, проекти, постојани формални и неформални едукации, што секако оди во прилог на намалувањето на бројот на лица со техничко професионано образование. Ваквиот развоен пат, секако бара поразличена временска организација. Она што е највредно за секого –времето – се повеќе се посветува на професија, заработувачка и едукација. Ваквата животна перспектива е секако општествено поддржано со поставување на релативно нови критериуми во однос на професионаните квалификации на пазарот на труд. Сето ова влијае на дистанцираноста на луѓето, делумно осаменоста како и висок потенцијал за социјална изолација. Луѓето се помалку имаат време за своите партнери, деца, пријатели и други, исто така важни активности кои влијаат на задоволството од живот. Секако во овој вртлог не се изоставени децата кои го следат патот на возрасните, па и за нив важат истите „правила„ веќе училишните активности не се доволни и се дополнуваат со различни активности како курсеви, дополнителна едукација која ќе ги направи поконкурентни на пазарот на труд. Во ваквиот цел процес, секако совршено се вклопува електронската комуникација, која сигурно овозможува брз начин на комуникација кој што е лесно достапен, но за жал станува се подоминантно средство за комуникација меѓу луѓето и најчесто повеќе ги дистанцира отколку што ги зближува. Луѓето соочувајќи се со динамиката на секојдневното живеење градат нови концепти на социјално прифатлив баланс за себе си и своите најблиски. Од една страна, бенифит носи финасискиот и социјалниот статус, но често останува чувството дека некои од битните моменти прелетале и не сме биле дел од нив. Често со грижа на совест и чувство на вина особено кон партнерите и децата низ прашањата „дали сум јас доволно тука за нив“.

 

Gostivarpress.mk: Дополнителен тежок удар врз психата повеќе од две години нанесува ковид пандемијата, а од понеодамна и кризата предизвикана од војната во Украина. Само по себе се поставува прашањето-Како човек да остане нормален, како да успее да се справи со такви големи промени, што може да преземе за да си помогне себе си?

 Гаврилоска Бубалова: Генерално сите лични, општествени и глобални ситуации кои нудат ризик и перзистираат будат покачено ниво на анксиозност, дури и кај луѓе кои се потолерантни на незивесност влијае на нивниот несвесен дел, начинот на кој размислуваат и начинот на кој се однесуваат. Пандемијата беше и се‘ уште е нешто што не е е познато за нас, актуелните генерации немаат такво искуство, барем не во глобални размери. Како и сите кризи кои нудат реална и/или перцепирана здравстевена и животна загрозеност влијаат стресно врз сите. Стресот најмногу е поврзан со разнишување на чувството на безбедност и сигурност. Со сето ова следеа многу информации и дезинформации, кои паралелно коегзисираа како паралелни светови и вистини. И со сето ова сите луѓе мораа да направат огромини промени во начинот на нивното живеење и секојдневните рутини и навики, сето тоа проследено со страв и несигурност: дали јас ќе заболам или некој од моите блиски и чувство на вина и грижа на совест, дали јас ќе заразам некого… Исто како разликите во биолошкиот и стекнатиот имунитет на луѓето така се активираа и психолошките одбранбени механизми на луѓето. Па, едни одбија да веруваат и го минимизираат ризикот од вирусот, други се повлекоа и парализираа со целосна изолација, трети беа некаде на средина ја следеа ситуацијата, го рационализираа стравот и преземаа се што е валидно и/или има информации дека е валидно за да се заштитат, се трудеа во која и да е форма безбедна за нив да продолжат да творат и одржуваат социјални контакти. Како да уште еднаш се потврди дека не преживуваат најсилните и напаметните, туку најадаптибилните. Но, како и да е, соочени со животен ризик, исклучително тешките промени во начинот на функционирање предизивикуваат интезивна тегобна состојба и високо анксиозна состојба, која се развиваше од интензивен старав, до паника, до постепено прифаќање и адаптирање на целата ситуација. Во овој период многу семејства изгубија блиски како последица од пандемијата. Но, она што беше во прилог и доста помагаше на луѓето што цел свет ја делеше истата судбина. Кога многу луѓе минуваат низ исто искуство тоа е генерална приказна и луѓето низ таквите искуства се зближуваат, споделуваат, се чувствуваат разбрани и прифатени, што е многу важен ресурс за справување со кризни ситуации. Се‘ уште нестабилизрани од траумата со пандемијата се случи војна, која не е очекувана, не е посакувана, не изгледа дека припаѓа на овој век со сите напредоци во технологијата, науката, па промената на ресурсите на богатство. Оваа траума е дијаметрално различна што „до вчера„ на глобално ниво заеднички се боревме против „природен непријател„ и се трудевме секој живот да го спасиме и наеднаш веќе се губат животи од човечки фактор и многу малку може да се стори нешто околу тоа. Светот има повеќе искуства со војни и она што е евидентно дека нема победници, туку само жртви. Ваквата ситуација повторно ги врати луѓето на почеток, кога владее страв, паника, егзистенцијална опасност. Почнаа да се купуваат залихи на брашно, масло и други продукти кои ретко се употребливи во воени ситуаци, најчесто поради престој во скривници и прекин на електрична енергија.  Лекобно е дистанцирањето во однос на нашите моќи, што е она на што ние можеме да влијаеме како индивидуи, како семејство, како држава. Исклучително е важно давањето на простор да се слушнат луѓето кои поразлично размислуваат од нас, тоа може да внесе нешто ново. Намалувањето на отпорот кон пробување на нови работи кои некогаш и само психолошки ќе ни помогнат да преживееме со тоа што времено ќе се растовариме од стресот. Селективно прифаќање на информации од валидни извори. Прифаќањето на секоја поддршка до која може да дојдеме, семејството, пријателите, спортот и се‘ она што нас ни помага да се чувствуваме подобро.

Gostivarpress.mk: Сведоци сме на зачестени случаи на насилство, како на семејно, меѓу младите, но и воопшто насилство од разни причини. Се чини дека луѓето лесно губат трпение, и се помалку имаат волја да вложат напор за да надминат некој проблем. Зошто е тоа така, што влијае за појава на толку агресија?

Гаврилоска Бубалова: Насилството е долго време дел од нашата култура, не само што било присутно и прифатливо, туку и се вреднувало како ефикасен метод за дисциплинирање и грижа за доброто однесување на другите. За жал се‘ уште се користи како верификуван метод за да се спречи или промовира одредено однесување во некои средини. Насилството е медиумски пропагирано, многу повеќе има содржини каде е промовирано насилството како праведен начин на изборување за себе си или добивање на правдина, за разлика од ненасилните начини. Егзистирање кое подразбира ненасилно однесување, бара работа и развивање на одредени психолошки концепти и конструкти. Најзначаено е справувањето со емоциите. Насилството е поврзано со бес и гнев кои се секундарни емоции. Ваквите секундарни емоции имаат функција да не заштитат од примарните, најчесто тага, разочарување и секако увид во нашата психичка состојба, најчесто болка, кој е една од најболните работи. Луѓето кои агресивно се однесуваат најчесто го вадат бесот и гневот и тоа ги растоварува и најчесто не стигнуваат до примарните емоции, како и својата болка. На тој начин насилното однесување се повторува. Денес многу работи ги добиваме без мака и учество во процесот, како кафе, оброк и слично и тоа ни заштедува време и е практично, но во однос на справувањето со емоции брзите инстант решенија, како чувство на бес, па агресија, релаксација само ја продлабочува болката и се повторува циклусот на насилство. Од најрана возраст е важно да се промовира моделот на ненасилство. Исто како среќа и задоволство, сите се чувствуваат бесно, гневно, тажно и тоа е сосем природно, но не смеат да имаат агресивно поведение, тоа е нешто што не се толерира и носи одредени последици. Многу често родителите го стопираат насилното однесување со друго насилно однесување како ќотек што секако е контрапродуктивно. Ако сакаме упех во секоја пора од живеењето треба јасно да се покаже дека насилството не се толерира и насилното однесување носи одредени последици кои не треба да бидат насилни туку треба да бидат начини кои ќе помогнат да се прекине циклусот на наилно однесување, да се промовираат стратегии кои ќе помогнат во однос на справување со негативните емоции. Често насилството е глорификувано кај деца и кај возрасни, зошто е израз на моќ, на наметнување на своја волја и принудување некој да се однесува или не се однесува на одреден начин. Важна стратегија е одземањето  на моќта и градење на различни алтернативи ненасилни во кои некој ќе се реализира.

 Gostivarpress.mk: Кога една личност треба да побара помош од психолог, по што може да препознае дека границата на нормално психолошко функционирање е премината и дека е неопходна стручна поддршка?

Гаврилоска Бубалова: Психолошката помош е добредојдена кога имаме дилеми, кога веќе сме пробале многу работи а ситуацијата не е променета, кога се чувствуваме нескладно со контекстот во кој живееме, кога почнуваме да правиме некои работи, а не се во склад со нашето претходно однесување, верување, кога извесен период доминираат негативни емоции, вознемиреност и веќе влијаат на нашите витални биолошки механизми како сон, апетит, секс, социјализација, работна способност.

 Gostivarpress.mk: Постои ли уште табу кога е во прашање потребата од посета на психолог?

Гаврилоска Бубалова: Со тек на годините постепено се намалува стигмата околу; психолог, советување, психотерапија и психијатрија. На луѓето им е тешко да се обратат кај ваквите професии најчесто поради 3 мита. Едниот е сите овие професии се поврзуваат со лудило, консултацијата значи, потврда дека си луд. Душевните растројства се исто како и останатите болести кои не се наша одговорност и никој не имун. Некогаш имаат хроничен, некогаш акутен тек. Се е подобро да се превенира отколку во одмината фаза да се лекува. Но, најголем дел од луѓето кои имаат потреба од психолошко советување не се душевно болни. Консултацијата со вакви професионаци значи грижа за нашето ментално здравје и евентуално превенирање на одредени кризи. Втората работа е митот дека се што се случува треба да се реши во кругот на семејството, тоа е најдобро. Не може некој странец да ти ги реши проблемите. Семејството е одличен ресурс за поддршка и блиските луѓе. Но, сите тие луѓе се емоционално инволвирани, најчесто делиме сличен вредносен систем, сличен когнитевен систем, сличен начин на експресија на емоциите. Ваквата ситуација најчесто помага да ги засилиме реакциите, верувањата, начините на справување со ситуациите кои веќе сме ги усвоиле. Тие начини можат да бидат успешни но, не во сите ситуации. Споделувањето со ваквиот тип на професионални луѓе воглавно значи учење на нови начин на верување, интерпретации, нови начини на однесување и нови начини на експресија на емоции и однесување кое може да е различно од усвоеното но, доста функционално за одредена ситуација. И секаао, професионалецот нема да ви ги реши проблемети, нно може да помогне вие на поразличен начин да тргнете во решавање на актуелната криза. Трета работа е сам најдобро можеш, знаеш како треба. Правењето консултација со ваков тип на професионалци е дека не си успеал, не можеш и не знаеш, не си вреден и не си умен, ако си, ќе се справиш со ова. Колку и да сме умни, спретни професионални, посветени, нашето животно искуство е ограничувачко. Невозможно е да се снајдеме во секоја животна ситуација, особено во оние во кои не сме биле до сега, се нови за нас, или едноставно не сме развиле доволно вештини. Посета на професионално лице ќе ни помогне да научиме нови работи за себе и за начините кои може ќе ни помогнат во справување со одредена ситуација.

Gostivarpress.mk: Каде и како вие го наоѓате својот внатрешен мир и на кои начини се справувате со стресот?

Гаврилоска Бубалова: Можеби е парадоксално, но иако работам со стресни ситуации тоа ми помага да се справам со мојот стрес. Тргнување секојдневно со навидум интензивно стресни ситуации кои изгледаат без излез и постепено доаѓањето до нови начини, нови приказни, нови пораки е нешто што и мене ми помога да се чувствувам хумано, исполнето, задоволно и се подлабоко да верувам дека има многу решенија за многу ситуации и кога тоа го правиме со љубов, верба и соработка многу учиме за нас, стресот, животот. Љубовта и топлината од партнерот и семејството, пријателите, музиката, балансот на природата, повремено јогата и секојдневните рутини со моето куче се нешто што ми ја грее душата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 3 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 4 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 5 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 6 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 19 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена