Гостивар
Видео емисии на Gostivarpress.mk! Првата со тема „Образование“ ја прикажуваме во понеделник

Gostivarpress.mk отвора нова страница од своето работење со која ја надополнува и продолжува мисијата за професионално, веродостојно и достапно информирање на сите граѓани. Почитувани читатели, со голема чест и задоволство најавуваме дека започнуваме со емитување на серија видео емисии под наслов „Минути за секого“. Во емисијата ќе зборуваме на различни теми кои ја засегаат и се во интерес на јавноста, со акцент на предизвици и проблеми кои се дел од животот на младите, на припадничките на понежниот пол, на маргинализираните и ранливи групи.
Низ „Минути за секого“ ќе опфатиме разговори за она што не‘ опкружува, ќе дискутираме за состојби и актуелности како и за проблеми кои се рак-рана на заедницата, со фокус на Гостивар. Сакаме да го свртиме вниманието на јавноста, особено на институциите за поголема будност, ангажман и реакции.
Она што е важно да се истакне, е дека емисиите ќе се прикажуваат со толкување на знаковен јазик, нешто што е мног ретко во македонскиот медиумски простор. Со ова сакаме да придонесеме повеќе соодветни информативни и дебатни содржини за глувите и наглуви граѓани. За таа цел заедно со нас ќе биде Билјана Среткоска, лиценциран толкувач.
Емисиите ќе ги емитуваме еднаш месечно, на Jутуб каналот на Gostivarpress.mk.
Првата емисија ја посветуваме на образованието. Отворено и „без влакна на јазикот“, дискутираме за тоа какви услови имаат училиштата, зборуваме за статусот на просветните работници, отвораме прашања околу уписите во средните училишта, но и на првачињата, за подарувањето петки и ред други работи.
Наш соговорник е Тафа Амети, претседател на Синдикатот за образование и наука за регион Гостивар, потпретседател на СОНК на Македонија и долгогодишен професор.
Емисијата премиерно ја прикажуваме во понеделник (31 јули). НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!!!
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден