Занимливости
(ВИДЕО) Како и зошто пукаат пуканките?

На сите ние е познат звукот при правењето на пуканки, всушност затоа и се викаат пуканки, бидејќи пукаат! Сте се запрашале ли некогаш како и зошто пукаат пуканките?
Група француски физичари, сакале да ја разрешат таа мистерија, како пукаат пуканките и од каде потекнува тој звук, па направиле едно истражување.
Тие претпоставувале дека звукот може да поттекнува од три извори: пукањето на „лушпата“ на пченката, ослободувањето на водена пареа со висок притисок од пченката, или пак од одбивањето на пченката од дното на садот. Користеле камера и микрофон за да го снимат тоа што се случува и откриле дека не се слуша никаков звук при првата пукнатина на пченката, туку при втората, што значи дека звукот го предизвикува водената пареа.
Секое зрно пченка содржи малку вода обиколена со скроб. Како што се зголемува температурата, водата испарува, се претвора во водена пареа и го загрева и скробот, претворајќи го во лигава материја. При доволно голем притисок, лигавиот скроб се пробива преку „лушпата“ и брзо се лади, формирајќи го тој пуфкаст бел изглед на пуканката.
„Поточно, притисокот создава празнини во внатрешноста на пуканката, исто како акустичен резонатор“, објаснуваат научниците во нивните наоди, објавени во „Journal of the Royal Society Interface“. Истото сценарио е применето и кај „пукањето“ при отворањето на шампањско.
Истражувачите, исто така, откриле дека без оглед на големината и обликот на зрното пченка, пуканките пукаат на температура од 180° C.
Во соработка со Е наука
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја