Поврзи се со нас

Занимливости

(ВИДЕО) Како и зошто пукаат пуканките?

Објавено

на

На сите ние е познат звукот при правењето на пуканки, всушност затоа и се викаат пуканки, бидејќи пукаат! Сте се запрашале ли некогаш како и зошто пукаат пуканките?

Група француски физичари, сакале да ја разрешат таа мистерија, како пукаат пуканките и од каде потекнува тој звук, па направиле едно истражување.

Тие претпоставувале дека звукот може да поттекнува од три извори: пукањето на „лушпата“ на пченката, ослободувањето на водена пареа со висок притисок од пченката, или пак од одбивањето на пченката од дното на садот. Користеле камера и микрофон за да го снимат тоа што се случува и откриле дека не се слуша никаков звук при првата пукнатина на пченката, туку при втората, што значи дека звукот го предизвикува водената пареа.

Секое зрно пченка содржи малку вода обиколена со скроб. Како што се зголемува температурата, водата испарува, се претвора во водена пареа  и го загрева и скробот, претворајќи го во лигава материја. При доволно голем притисок, лигавиот скроб се пробива преку „лушпата“ и брзо се лади, формирајќи го тој пуфкаст бел изглед на пуканката.

„Поточно, притисокот создава празнини во внатрешноста на пуканката, исто како акустичен резонатор“, објаснуваат научниците во нивните наоди, објавени во „Journal of the Royal Society Interface“. Истото сценарио е применето и кај „пукањето“ при отворањето на шампањско.

Истражувачите, исто така, откриле дека без оглед на големината и обликот на зрното пченка, пуканките пукаат на температура од 180° C.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена