Видео емисии
ВИДЕО: Пештерата Шаркова Дупка во Маврово | Природен подземен музеј што восхитува
Со задоволство ве информираме дека Gostivarpress.mk започнува со нов серијал на видеа под името „ПРОМО 6“, кој има за цел да ги истакне природните убавини и реткости, да го поддржи локалниот и рурален туризам и да ги промовира интересните мали бизниси од нашиот регион. Преку овие мултимедијални прилози овозможуваме да се раскажат убави приказни и да се промовираат вредни нешта.

Во првото видео од серијалот, ќе ве одведеме во срцето на Националниот парк Маврово, за да ја откриете магијата на пештерата Шаркова Дупка.
Ви откриваме какви впечатливи пештерски украси има Шаркова Дупка: сталактити, сталагмити, драперии, од кои повеќето поради почвата богата со железо, се со карактеристична црвеникаво – кафеава боја. Вниманието сигурно ќе ви го привлечат и лилјаците чиј дом е пештерата назима. Станува збор за еден од најмалите видови лилјаци на светот – мал потковичар, кој тежи само неколку грама и има должина на телото од 35-45 милиметри.
Нашата екипа заедно со домаќинот лиценцираниот туристички водич – Владимир Ѓорѓиоски од „Маврово 365“ го истражи овој природен бисер и го забележа секој негов неверојатен детаљ – од карактеристичните пештерски украси до уникатниот свет на лилјаците.
Уживајте во нашето видео и инспирирајте се за ваша следна авантура и во првата прилика посетете ја Шаркова Дупка во Маврово!
„Ова е едно од најфасцинантните природни богатства на Македонија. Формирана преку многугодишни геолошки процеси, оваа карстна пештера ги воодушевува посетителите со своите природни формации кои сведочат за моќта на природата и времето“, вели Ѓорѓиоски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?