Видео емисии
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
Во рамки на серијалот ПРОМО 6 кој има за цел да ги истакне природните убавини и традиционални вредности, да го поддржи локалниот и рурален туризам и да ги промовира интересните мали бизниси од нашиот регион, овој пат Gostivarpress.mk ви преставува една живописна видео приказна од традиција која во гостиварското село Вруток се негува со векови, а е врзана со одбележувањето на празникот – Водици.

За вруточани оставена од предците како аманет да ја почитуваат, продолжуваат и пренесуваат на идните генерации, додека за граѓани од други места привлечна и интересна за следење. Оваа специфича прослава на празникот преку која се прикажуваат старински обичаи, адети и народни носии привлекува сѐ поголем број посетители во селото од кадешто извира најголемата река во Македонија – Вардар.
Во видеото имате можност да погледнете кои се уникатните обичаи на одбележување на Водици во Вруток и кои се карактеристичките на селските носии во кои се облечени кумовите на славата, млади невести и дечиња. Исто така, ќе откриеме и кое е значењето на адетот со фрлање и собирање на јаболка во Вардар, кој се практикува единствено при вруточката традиција.
Уживајте во видеото и инспирирајте се за ваш следен предизвик. Во првата прилика посетете го Вруток за Водици.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар