Поврзи се со нас

Вести

Виенскиот концерт – традиционален совршен почеток на секоја нова година

Објавено

на

Традиционалниот Новогодишен концерт кој се одржува секоја година на 1 јануари, во концертната сала Мусиквереин во Виена е престижен светски настан, кој се следи низ целиот свет.

Почетоците на традиционалниот концерт му припаѓаат на мрачниот период на австриската историја и самиот оркестар. Првиот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија е одржан помеѓу диктатурата и војната на 31 декември 1939 година. Целиот приход од концертот е дониран на династијата Штраус, под водство на Клеменс Краус целосно посветена на националистичката социјалистичка донаторска акција „Krigsvinterhilfsverk“.  Од тогаш до денес се одржува непрекинато, дури и за време на втората светска војна, но во тој период се искористувал за цели на нацистичка пропаганда на “Големото германско радио”.

Најчесто на концертот се изведуваат дванаест дела, во чест на династијата Штраус, со една пауза на половина од програмата. До 1990 година, концертот имал само еден дел, со почеток во 12:15 часот и траел до 13:30, а од 1991 година има два дела, од кои првиот дел започнува во 11:15 часот и трае до 11:50, кога има пауза која трае до 12:15 часот. Тогаш почнува вториот дел, кој е нешто продолжен и трае до 13:40 часот, со што целото траење на концертот изнесува околу два и пол часа.

Новогодишниот виенски концерт се изведува три пати секоја година. На 30 декември како предизведба наменет за припадниците на австриската војска, 31 декември како вечерен концерт и најпосле на 1 јануари како Новогодишен концерт.

Поради огромниот интерес за Новогодишниот концерт влезниците се продаваат на тој начин што купувачите се избираат преку интернет лотарија. Сите љубители на овој концерт од цел свет имаат можност да бидат извлечени. Се аплицира една година однапред, пример среќниците кои ќе го следат концерот на 1 јануари 2019 аплицирале од 2 јануари до 29 фервруари 2018. Истото ќе важи и за концертот во 2020.

Цената на билетите се движи до илјадници евра. Официјалната програма секогаш се следи со ритуален додаток од три бисови. Првиот бис е брза полка по избор на диригентот. Вториот бис е познатиот валцер  ‘На убавиот син Дунав’ дело на синот на Јохан Штраус каде секогаш првите неколку такта публиката ги прекинува со аплауз. Новогодишниот концерт се завршува со “Радецки марш”, дело на таткото на Јохан Штраус исклучително познато, брзо и весело дело во тек на кое диригентот во даден момент диригира и на публиката да ги поддржат со ритмично ракоплескање.

“Радецки марш”
Радецки марш е посветен на австрискиот федмаршал Јозеф Радецки, познат по бруталното гушење на востанието во Северна Италија. Поради тоа што федмаршалот во една ситуација одлучил да не го погуби синот, таткото Штраус како израз на благодарност му го посветил овој марш.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 42 минути

Податоци од ДИК за одѕивот на гласачи до 17 часот во Гостивар и Врапчиште

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Технологијапред 4 часа

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена