Како што веќе сите знаете, забраната за движење за време на викендите е продолжена, па во сабота и недела, полицискиот час почнува во 16 попладне и трае до 5 часот наутро.
Искористете го квалитетно времето поминато во домот, во кругот на семејството. За забава може да играте друштвени игри, да гледате филмови и серии, да читате книги, можеби и да си организирате домашно караоке, заеднички час по вежбање и слично.
Gostivarpress.mk сака да даде свој придонес во „тепање на здодевоста“ додека трае викенд полициксиот час, па со таа цел ќе направиме реобјави на интересни и безвременски текстови од рубрики коишто биле меѓу најчитаните на нашиот е-медиум.
Меѓу нив е рубриката „Еден ден со…“, во којашто наши сограѓани одговараат на прашања поврзани со нивното секојдневие, работа, хоби, размислувања, ставови и слично.
Се надеваме дека ќе успееме барем за кратко да ве забавуваме и оттргнеме од корона вестите.
Вчера (сабота) реобјавивме „Еден ден со..“: Владимир Николоски, Џезаир Реџепи, Јордан Џејмс Ивановски, Роберт и Ренато Димитриевски, Сарита Селмани и Марјан Јосифоски.
Денеска (недела) продолжуваме со: Андреа Андреевски, Наташа Јовановска, Агим Амети, Дана Крстеска, Ненад Савески, Магдалена Пејчиноска, Озан Адеми и Мирослав Попоски.