Гостивар
Викенд временска прогноза

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2).
Од УХМР информираа дека поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 8 степени.
Утре (сабота) претпладне времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а во повисоките места и на планините и од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе биде во интервал од -6 до 4 степени.
Во недела времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и максимална дневна температура од 7 степени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог