Култура
Викендов Галичка свадба – Галичник ја продолжува традицијата

Престојниот викенд во Галичник ќе се одржи традиционалната културно-туристичка манифестација Галичка свадба. Настанот секоја година собира огромен број на посетители и туристи во живописниот Галичник, а Њујорк Тајмс и Нешнл Џиографик го прогласија за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.
Младенци на 46-тото издание на Галичка свадба се Марина Петровска и Огнен Караѓозовски, а потекло од Галичник има младоженецот.
Свадбарските обичаи почнуваат во сабота (13 јули) во 19.30 часот, со пукање три пушки од балконот на куќата на зетот, веење на свадбарскиот бајрак, играње на свекрвино и невестинско оро, и други ритуали. Во недела наутро се продолжува со обичаите на канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледање низ прстен, земање на невестата, венчавање и други. Венчавањето на младенците ќе се одржи во црквата Св. Петар и Павле, а ќе го направат монасите од Бигорскиот манастир и монахињите од манастирот во Рајчица.
Во пресрет на главните настани во петок навечер, на платото пред чешмата Упија концерт ќе одржи Џијан Емин, во соработка со Македонската филхармонија и Здружението на џез музичари на Македонија, како и групата „Бенд офф“.
Галичката свадба ќе ја разубават 100-тина статисти облечени во автентични галички носии како и културно-уметнички друштва.
За време на викендот, кон Галичник ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим, а во недела (14 јули) возилата ќе се оставаат на „Селска Ливада“, од каде до влезот на Галичник ќе има организиран превоз со минибус.
Манифестацијата ја органиизра МЗ Галичник, а покровител е претседателот Стево Пендаровски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар