Поврзи се со нас

Култура

Викендов Галичка свадба – Галичник ја продолжува традицијата

Објавено

на

Престојниот викенд во Галичник ќе се одржи традиционалната културно-туристичка манифестација Галичка свадба. Настанот секоја година собира огромен број на посетители и туристи во живописниот Галичник, а Њујорк Тајмс и Нешнл Џиографик го прогласија за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.

Младенци на 46-тото издание на Галичка свадба се Марина Петровска и Огнен Караѓозовски, а потекло од Галичник има младоженецот.

Свадбарските обичаи почнуваат во сабота (13 јули) во 19.30 часот, со пукање три пушки од балконот на куќата на зетот, веење на свадбарскиот бајрак, играње на свекрвино и невестинско оро, и други ритуали. Во недела наутро се продолжува со обичаите на  канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледање низ прстен, земање на невестата, венчавање и други. Венчавањето на младенците ќе се одржи во црквата Св. Петар и Павле, а ќе го направат монасите од Бигорскиот манастир и монахињите од манастирот во Рајчица.

Во пресрет на главните настани во петок навечер, на платото пред чешмата Упија концерт ќе одржи Џијан Емин, во соработка со Македонската филхармонија и Здружението на џез музичари на Македонија, како и групата „Бенд офф“.

Галичката свадба ќе ја разубават 100-тина статисти облечени во автентични галички носии како и културно-уметнички друштва.

За време на викендот, кон Галичник ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим, а во недела (14 јули) возилата ќе се оставаат на „Селска Ливада“, од каде до влезот на Галичник ќе има организиран превоз со минибус.
Манифестацијата ја органиизра МЗ Галичник, а покровител е претседателот Стево Пендаровски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 2 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Вестипред 4 часа

Москва: Украина загуби речиси половина милион војници

Гостиварпред 5 часа

Поддршка за 12 стари занаети во Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Обид за напад и закани вчеравечер во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Упатство за гласање на претседателските избори

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена