Гостивар
Викендов почнува Галичка ликовна колонија 2023

Од 12 до 20 август ќе се одржи 34-тото издание на ликовната колонија Галичник, а фокусот годинава ќе биде Колонизација/Деколонизација на природата.
Учесници на годинешното издание на Ликовната колонија Галичник 2023 се: Аница Вучетиќ и Јелена Владушиќ од Србија, Калин Серапионов и Пенка Минчева од Бугарија, Ефи Фурики од Грција, Фуруја Такахиса од Јапонија, Ларс ден Хертог од Холандија, Ил Џафери од Косово, Иван Блажев и Филип Велковски од Северна Македонија.
Јавни претставувања на уметниците ќе биде на 17 и 19 август, во амфитеатарот Упија, а работилница со деца ќе се одржи на 19 август.
Организаторите посочуваат дека секоја година колонијата има тема, а оваа година фокусот е на Колонизација/Деколонизација на природата, како многу важно прашање во еколошката, политичката и проблемите со доминацијата на Капиталот(во ерата на Капиталоценот) кои се наметнаа како сериозен интерес во областа на современата уметност и нејзините транс-тактики. Зошто е ова важно за глобалниот процес на (еколошка) ментална трансформација кон посвесни општества и нејзината иднина, велат организаторите.
Оттаму потенцираат дека како што имплементацијата на предностите на новата ера во античкиот амбиент на прекрасниот Галичник е како додавање на ново ткиво во организам со дефинирана стратиграфија. Хабитусот помеѓу старото и новото се издигнува во синтеза, синергија, надградба, современост со нагласен културен предзнак.
Колонијата се реализира со поддршка на Министерството за култура.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос