Спорт
Виктор Петков втор во велеслалом на Државното ски првенство на Србија

На 20 и 21 март на Копаоник, Република Србија се одржа Државното првенство на Србија во скијање, во дисциплините слалом и велеслалом каде учествуваа 57 натпреварувачи од 9 земји. Учество на ова натпреварување имаше и македонскиот скијач од Гостивар Виктор Петков.
На првата трка во велеслалом Петков освои сребрен медал, освојувајќи го второто место во конечен пласман, пред американецот Риегер кој беше трет, а позади британецот Саундерс кој победи во оваа дисциплина, додека во слалом во двете трки заврши на четвртото и петтото место.
Пред крајот на сезоната, од ски клубот Сноу Спорт од Гостивар се задоволни од постигнатиот успех.
- Пред завршувањето на оваа сезона ова се одлични резултати на нашиот најуспешен член Виктор, со што може да заклучиме дека имавме уште една успешна меѓународна сезона. Доколку се создадат услови за одржување на уште неколку натпревари, се надеваме на уште подобри резултати и продолжување на добрата форма, велат од ски клубот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?