Поврзи се со нас

Гостивар

„Виртуелни модринки“ – Стоп за скандали како Јавна соба и родово базирано насилство

Објавено

на

Гласно да се зборува за родовото базирано насилство, а злоупотребите на фотографии и демнењето да се казнуваат. Ова се пораките што се испраќаат преку проектот „Виртуелни модринки“ што го спроведува организацијата ИГИ-Гостивар, а беше презентиран денес на прес конференција.

Во склоп на проектот експертски тим направил анализа на скандалозниот случај Јавна соба, кој силно ја вознемири јавноста. „Експертите констатираа дека постои брутално изживување врз млади девојки и жени, злоупотреба на нивни приватни фотографии или фотографии преземени од социјалните мрежи, при што начинот на којшто се третира, односно нетретира ова кривично однесување, остана простор за појава на нови вакви или слични групи. Исто така, експертите утврдија дека нашето законодавство не нуди правна заштита на жртвите, а неказнивоста ги охрабрува луѓето да членуваат во вакви групи.“, истакна Маја Христовска, координатор на проектот.

Во рамки „Виртуелни модринки“, се спроведува кампања која има за цел да придонесе во помасовно вклучување на јавноста во процесот на справување со родово базирано насилство.

„Родовото базираното насилство за жал се уште претставува еден од најгорливите проблеми во нашето општество. Веруваме дека со искрени напори и заеднички заложби ќе придонесеме во нарушување на молкот по основ на ова прашање како и за побезбеден живот на секоја жена.“, рече Анета Филипоска, извршен директор на ИГИ.

Проектот е финансиски поддршан од калифорнискиот Фонд за ургентни акции за правата на жените. Следна активност ќе биде креирање на мобилна апликација преку која ќе може да се пријавува секаков вид на семејно насилство со еден клик.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена