Поврзи се со нас

Здравје и убавина

„Вирус што го убива ракот“: Нова терапија дава ветувачки резултати во раната фаза на тестирањето

Објавено

на

Новиот тип на терапија против рак, која користи вирус за инфицирање и уништување на штетните клетки, дава ветувачки резултати во раната фаза од тестирањето врз луѓе, велат британски научници, пренесува Би-би-си.

Резултатите кај лицата кои учествуваат во испитувањето покажале дека кај еден пациент ракот исчезнал, додека кај други е забележано намалување на туморот.

Станува збор за лек кој е ослабена форма на вирусот херпес симплекс, кој е модификуван за да ги убие туморите. Истражувањето го води Институтот за истражување на ракови при Фондацијата „Ројал Марсден НХС“.

За ова, сепак, ќе бидат потребни и подолги судии, но експертите наведуваат дека оваа инјекција би можела да понуди спас за повеќе луѓе кои имаат карцином во напредна фаза.

Криштоф Војковски, 39-годишник од западен Лондон, е еден од пациентите кои учествувале во првата фаза од безбедносното испитување на терапијата. Во 2017 година му бил дијагностициран рак на плунковите жлезди. И покрај операцијата и останатите третмани што ги примал во тој период, ракот продолжил да се развива.

„Ми рекоа дена нема друга опција за мене. Беше поразително, па затоа беше неверојатно дека ќе ми се даде шанса да бидам дел од истражувањето“, вели тој, пренесува Би-би-си.

Кратката терапија со модифицираната верзија на вирусот херпес, се чини дека го излекувала од рак.

„Примав инјекции на секои две недели во текот на пет недели кои целосно ми го искоренија ракот. Веќе две години сум без него“, вели Војковски.

Инјекциите ставени директно во туморот, наведува Би-би-си, го напаѓаат ракот на два начини: со инвазија на канцерогените клетки и нивно пукање и со активирање на имунолошкиот систем.

Во оваа рана фаза учествувале 40 пациенти – некои од нив добиле само инјекција со модифицираниот вирус наречена RP2. Другите, пак, дополнително добиле и друг лек наречен ниволумаб.

Наодите, пренесува Би-би-си, беа презентирани на медицинска конференција во Париз и покажуваат дека тројца од девет пациенти на кои им е дадена само инјекцијата RP2, меѓу кои и Војковски, е забележано намалување на туморот. Од комбинираниот третман, пак, од 30 пациенти кај кои бил применуван, корист имале седум. Кај сите, несаканите ефекти, како што е заморот, биле благо изразени.

Водечкиот научник, професорот Кевин Харингтон, за Би-би-си, изјави дека резултатите од третманот биле „навистина импресивни“ кај различни видови на напредна фаза на рак, вклучувајќи и канцер на хранопроводот и редок вид на рак на очите.

„Ретко е да се видат толку добри резултати во клиничките испитувања во рана фаза бидејќи нивната примарна цел во оваа фаза е да се тестира безбедноста на третманот и тие вклучуваат пациенти со многу напредни видови на рак за кои сегашните третмани не функционираат“, вели Харингтон.

Љубопитен сум, додава тој, да видам дали ќе продолжиме да гледаме добри резултати и додека третираме поголем број пациенти.

Не е првпат научниците да користат вирус за борба против ракот. Пред неколку години, здравствените власти во Велика Британија одобрија терапија базирана на ладен вирус, наречен T-Vec, за напредна фаза на рак на кожата.

Според Харингтон, вирусот што го користат сега – RP2 е напредна верзија на Т-Вец.

Докторката Маријана Бејкер од најголемата независна организација од оваа област „Истражувања за ракот“, вели дека резултатите од научните истражувања се охрабрувачки и може да го променат текот на лекувањето на оваа болест.

„Научниците уште пред 100 години открија дека вирусите можат да помогнат во лекувањето на ракот, но предизвикот е тоа да се искористи безбедно и ефикасно. Оваа нова вирусна терапија дава ветувања во раното тестирање спроведено врз мала група на луѓе, а сега ни требаат повеќе студии за да откриеме колку добро функционира. Истражувањето покажува дека комбинирањето на повеќе третмани е моќна стратегија, а терапиите со вируси како што е оваа, би можеле да станат дел од нашите алатки за борба против ракот“, вели докторката.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена