Спорт
Висар Муслиу продолжува во белгиски Сент Труден

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу ја продолжува својата кариера во Белгија, потпишувајќи договор со прво лигашот – Сент Труден.
По истекот на договорот со германскиот Падерборн, каде што сезонава забележа седум настапи во Втората Бундеслига, Муслиу пронајде нов предизвик во белгиската лига. Сент Труден, кој се бори за опстанок и има една од најранливите одбрани во првенството, ќе се потпре на искуството на македонскиот стопер за да ја засили дефанзивната линија.
Во својата кариера, 29-годишниот гостиварец има настапувано и за Инголштат, Фехервар, Приштина, како и за македонските клубови Вардар, Ренова и Шкендија. Со своето искуство од домашниот и европскиот фудбал, се очекува да донесе стабилност и сигурност во задниот ред на новиот тим.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар