Гостивар
Висока загаденост во Гостивар и Тетово, на сила препораки и мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека на мерните места во Тетово и Гостивар е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри. – Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Тетово и Гостивар, информираат од МЖСПП.
Од МЖСПП посочуваат дека доставиле информација за надминување на прагот на алармирање до Министерствто за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за животна средина, Секторот за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институтот за јавно здравје и до општините Тетово и Гостивар.
– Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Тетово и Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, посочуваат од МЖСПП.
Се препорачува:
- Работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
- Да се реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот.
- Да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
- Сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.
- Ограничување на работите на градежните објекти
- Да се обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници.
- Да се дава поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.
- Да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба
- Да се започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола,
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава