Поврзи се со нас

Македонија

Високи водостои на сите реки низ државава

Објавено

на

    Според утринските податоци од хидролошките станици, високи се водостоите на сите реки низ државава, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи.

    – Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, стабилизирање на состојбата со водостојот и постепено повлекување на водата. Значително е висок водостојот на река Вардар по целото нејзино течение, од горниот дел во Полошката котлина, во градот Скопје и низ Водно накај Велес во средниот и долниот дел од сливот во Демир Капија и Гевгелија. Во текот на денот се очекува и понатаму да остане висок водостојот, посебно во средниот и долниот дел од сливот, каде би се префрлил водниот бран, се наведува во соопштението на ЦУК.

    Висок бил и водостојот на Треска, каде околу месноста Пласница, можно било локално излевање на реката и поплавување на околните ливади.

    – Во текот на денот се очекува постепено стагнирање на водостојот на реката Треска, но, тој да продолжи да биде висок. Исто така, висок е водостојот на река Струмица по целото течение на реката, а пред сѐ поради врнежите во Косово и река Лепенец бележи зголемен водостој во текот на изминатава ноќ и изутринава, што во текот на денот се очекува да биде во намалување. Доколку денеска, на одредени места, врнежите бидат поројни, можно е да се очекува брз и рапиден пораст на водостојот на помалите реки и суводолици, додаваат од ЦУК.

    Оттаму советуваат внимателно движење покрај реките и суводолиците.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 9 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 12 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 13 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 17 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 19 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 20 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 22 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 23 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 2 дена

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена