Македонија
Вкупно 1.359 повици на бројот за итни случаи 112 изминатото деноноќие

Вкупно 1.359 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 се евидентирани изминатото деноноќие. Пожарникарите гаснеа пожари во урбани и населени места. Не се регистрирани пожари на отворен простор. Кога станува збор за проодност на патишта, мостот на реката Вардар кај Башино Село е затворен за секаков вид сообраќај, се потенцира во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од повиците на 112 изминатите 24 часа, како „реални“ биле категоризирани 54.38 отсто. Останатите 45.62 отсто биле за други потреби на граѓаните, што не се сметале за итни.
Кон полиција биле упатени 69,64 отсто, кон Итната медицинска помош – 27,53 проценти, а кон пожарникарите – 1,62 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос