Поврзи се со нас

Локални избори 2022

Вкупно 101.174 лица со право на глас на изборите во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово

Објавено

на

На утрешните локални избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи.

Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи, во Маврово и Ростуше 9.948 и во Центар Жупа 7.154.

Во трите општини ќе се гласа на 172 избирачки места. Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.

Во Центар Жупа на овие избори има само еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше двајца кандидати за градоначалник.

За изборите за градоначалник да бидат успешни, потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи, и мнозинството да гласа за еден од кандидатите. Во овие две општини гласањето се повторува поради недоволна излезност на гласачите.

Во Тетово на гласачкото ливче ќе има 13 листи на кандидати за членови на Советот на општината. Мандатите ќе бидат распределени според бројот на добиени гласови користејќи ја Д’Хонтовата формула.

Овие избори ќе ги следат 49 акредитирани набљудувачи од една домашна и една странска организација.

На овие избори ќе се користат уредите за биометриска идентификација на гласачите и нема да се применуваат мерки за заштита од Ковид-19, како во изминатиот период.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена