Гостивар
Вкупно 455 лица имаат решенија за изолација во општините Гостивар, Врапчиште и М.Ростуше
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово на 96 лицa во тетовски регион и на 43 во гостиварскиот изготвени им се нови решенија за изолација од страна на Државен санитарен инспекторат. Вкупната бројка на граѓани кои имаат решенија за задолжителна изолација, поради позитивен корона тест или контакт со заболено лице во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше изнесува 455. Во општините од тетовското подрачје бројката е 689.
Во последните контроли на лица во изолација, полицијата не регистрирала прекршувања на решенијата.
За неносење заштитни маски, изминатото деноноќие казнети биле 29 граѓани во Гостивар и 22 во Тетово. На подрачјето на Гостивар немало прекршување на полицискиот час, додека во Тетово 30 минути после полноќ на улица „Ѓорче Петров“ биле затекнати две лица, на возраст од 18 и 28 години, против кои ќе бидат поднесени пријави за непочитување на здравствени прописи за време на епидемија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар