Поврзи се со нас

Рецепти

Вкусен залак за љубителите на месено – млечни кифлички

Објавено

на

Ако ги сакате месените работи, тогаш овој рецепт за млечни кифлички мора да го испробате. Меки се и вкусни, па веруваме дека лесно ќе ви станат омилени.

Состојки:

1 литар млеко
1 коцка свеж квасец
1 кг. брашно
100 гр. шеќер
1 маргарин (кристал)
сусам
1 јајце
4 лажички сол
300 мл. масло

Подготовка: Најпрво квасецот се раствора во млакото млеко и се додаваат шеќерот и малку брашно. Се меша добро, па се додава и маслото за јадење и се остава да отстои околу 20 минути да стаса. Откако ќе отстои смесата се истура во брашното измешано со солта во подлабок сад и се меси тестото. Добро измесеното тесто треба да отстои 20 минути. По 20 минути размесете го и почнете да ги правите кифличките. Се земаат три дела  и се формираат топчиња, па се расукуваат. Врз двете се нанесува маргарин и ставаат една врз друга, а третата се става одозгора (без маргарин). Потоа со сукалка се развлекува кората и се дели на осум дела, па се формираат кифличките. Постапката се повторува со целото тесто. Кифличките се редат во намрсен плех, одозгора со четка се мачкаат со разматено јајце, се става и сусам и по малку маргарин. Се оставаат малку да отстојат, а потоа се печат во рерна околу 15 минути на 200 степени.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена