Македонија
Влада: Буџетските корисници да ги обезбедат средствата за К-15 од сопствениот буџет

На вчерашната седница, Владата донесе заклучок со којшто се задолжуваат буџетските корисници да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор да ги обезбедат во рамки на одобрениот сопствен Буџет за 2022 година со внатрешна прераспределба меѓу расходните ставки.
– Имајќи ја предвид обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година до крајот на тековната година (К-15), како и правосилните судски пресуди и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година, а со цел намалување на товарот врз Буџетот по основ на судски и адвокатски трошоци, на предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9.000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки, се неведува во соопштението од Владата.
За буџетските корисници коишто немаат реални можности да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес со внатрешна прераспределба во рамките на сопствениот Буџет за 2022 година, предвидено е да се обезбедат средствата со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос