Македонија
Влада:Рекордни 36 465 денари просечна плата

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесува 36 465 денари и во однос на мај лани е зголемена за 16,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 проценти), Стручни, научни и технички дејности (21.4 проценти) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 проценти).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5,3 проценти), Стручни, научни и технички дејности (5 проценти) и Транспорт и складирање (4,3 проценти).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 54 675 денари.
Владата по објавата на податците за просечната нето плата во државата во соопштение наведе дека таа изнесува рекордни 36 465 денари, односно дека зголемувањето во однос на мај лани е за 5 058 денари.
„Владините мерки даваат позитивни резултати и просечната нето плата во земјава континуирано расте и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза. Наша цел е подобар стандард на граѓаните и подобро платени работни места. Платите на граѓаните и во иднина ќе растат, бидејќи сите владини политики се насочени кон подобрување на животниот стандард“, наведуваат од Владата во соопштение.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!