Поврзи се со нас

Македонија

Владата донесе мерки за цените, има замрзнување и ограничување на маржи

Објавено

на

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе две одлуки врзани со цените на големо и мало.

Како што информираше заменик министерот за економија Марјан Ристески, со мерките се опфатени 102 групи на основни прехранбени и хигиенски производи или над 1000 производи, во  три категории и тоа:

1. Во првата категорија, која опфаќа 8 групи основни прехранбени производи, се замрзнуваат цените од нивото од 1 февруари и на истите се определува највисоката бруто профитна маржа во вкупен износ до 5 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 5 % во трговијата на мало. Тука влегуваат:

– Бел и полубел леб, векна, индустриски тип од 350 гр. до 500 гр..(цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;

– брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг;

– брашно пченично, тип 500 во пакување од 1кг до 2кг;

– трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 л;

– јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 кг и 1,5 кг ;

– кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 %, во пакување од 300 г до 500 г;

– свежи јајца од кокошка и

– масло за јадење од сончоглед

2. Во втората категорија, која опфаќа 55 групи на производи се определува највисоката бруто профитна маржа во вкупен износ до 10 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 10 % во трговијата на мало. Тука влегуваат млечни производи (сирење, кашкавал…), свежо месо, замрзнато месо, преработени месни производи, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, шеќер, путер, кондиторски производи (чоколадо, бисквити…), кечап, мајонез, кафе и безалкохолни пијалаци…

3. Во втората категорија, која опфаќа 39 групи на производи се определува највисоката бруто профитна маржа во вкупен износ до 15 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 15 % во трговијата на мало. Тука влегуваат дел од свежото овошје и зеленчук, дел од основните хигиенски производи (течен сапун, гел за туширање, детергенти, паста за заби…), како и неколку бебешки продукти (бебешки пелени, кашички и сокови).

Како и во претходните мерки, трговците се обврзани истите јасно да ги обележат со ознаката „Помалку трошоци, повеќе за нас“. Мерката ќе се применува до 30 април 2025 година.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 10 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 12 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 14 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 15 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 16 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 17 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 18 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 19 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена