Поврзи се со нас

Македонија

Владата ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми

Објавено

на

Владата на денешната 57. седница ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми со кои се очекува да се зајакне конкурентноста на медиумскиот простор и да се стават онлајн медиумите во законска рамка.

– Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70 проценти од јавноста се информира на интернет, со што онлајн медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување на саморегулацијата како битен сегмент за професионалното новинарско работење и зајакната конкурентност во медиумскиот простор, се наведува во владиното соопштение.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вчера во телевизиско гостување соопшти дека овој закон како идеја потекнал од два аспекти.

– Едниот е патоказот за владеење на правото и Поглавјето 23 кое утврдува дека мора да имаме поголема јасност и транспарентност во уредувањето на медиумите и препознавање заради гарантирање на конкурентност и гарантирање на квалитетот и професионализмот на медиумите, признавање и препознавање на онлајн медиумите. Вториот аспект е дека во разговори со Здружението на онлајн медиуми и останатите онлајн медиуми, тие истакнаа подготвеност да предложат и иницираат ваков тип измени што ќе значат нивно препознавање како медиум, работа што ја вршат долги години, а никогаш не беше препознаен нивниот ангажман како медиум, рече Андоновски во дебата во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски нагласи дека Агенцијата двапати дала забелешки коишто се внесени во Нацрт-измените.

– Сега зборуваме за суштинските забелешки што ги дадовме. Сите се прифатени и претпоставувам дека во таа форма и ќе биде усвоен законот во Парламентот, рече Трајчевски.

Според извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Драган Секуловски, овие Нацрт-измени во голема мера ги исполнуваат нивните очекувања. ЗНМ, како што истакна Секуловски, има две забелешки на содржината на Нацрт-измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Првата забелешка, е во однос на минималниот услов да има три лица во редовен работен однос за да се влезе во регистарот на онлајн медиуми што ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услови. Според ЗНМ, со ова помалите онлајн медиуми ќе бидат доведени во подредена улога, особено оние што работат надвор од Скопје и имаат скромни примања за еден или двајца вработени. Предлогот на ЗНМ е да се направи исклучок, односно да се има разбирање за нив.

Предлог-измените треба да бидат испратени на усвојување во Собранието.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 3 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Гостиварпред 4 недели

Пријава за измама – Двајца гостиварци купиле ист стан

Видео емисиипред 2 недели

ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“

Македонијапред 3 недели

Министерството за енергетика со информации за сметките за струја – Приговори, цена по блокови, процедури…

Македонијапред 4 недели

Околу 32.000 корисници на МојДДВ чекаат поврат на парите

Светпред 4 недели

Џамијата Балиу во Елбасан прогласена за верски објект со најубава архитектура во светот за 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар состанок за училиштата: Носење униформи, отсуства и мобилни телефони дел од темите

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена