Поврзи се со нас

Македонија

Владата ќе исплати К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември

Објавено

на

    Околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан дали на наставниците ќе им биде исплатен регрес за годишен одмор.

    „Да, иако тоа во основниот буџет не беше предвидено, во ребалансот на буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која што е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска Владата како работодавач најголем има намера да ја заврши некаде кон крајот на ноември, почетокот на декември“, рече Мицкоски.

    Потсети дека согласно Законот се потребни минимум шест месеци работен стаж за да се оствари право на К-15 и посочи дека исплата по тој основ ќе се овозможи на поголем број граѓани кои во меѓувреме ќе се стекнат со работно место.

    Во однос на барањето на синдикатите за средба за зголемување на минималната плата, рече дека се подготвени да разговараат со сите врз основа на реалните можности на Буџетот.

    Подготвени сме, посочи, да организираме средба и со синдикатите и со работодавачите и сите заедно да најдеме решение.

    „Убеден сум дека сите ние имаме заеднички интерес –  да успее Македонија. Ако сите се водиме од овој заеднички интерес тогаш убеден сум дека ќе најдеме решение“, рече Мицкоски.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена