Поврзи се со нас

Македонија

Владата ќе набавува нови возила, меѓу кои електрични и хибридни

Објавено

на

    Владата ќе набавува нови возила, меѓу кои електрични и хибридни. Но, набавката ќе се планира во следниот буџет. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите институции се задолжени да направат попис на потребите на возила.

    „Второ што сакаме да направиме е да имаме поинаков пристап преку оперативен лизинг да ги намалиме трошоците за нивно одржување и на тој начин да обезбедиме нова флота на возила, меѓу коишто сигурно ќе има и такви електрични возила, хибридни итн. Возила со коишто сигурно нема да биде мисијата на лоши честички, оваква каква што е сега и очекувам дека набруго тоа ќе го направиме. Но секако не оваа година, бидејќи тоа мора да биде предвидено во буџетот за следната година“, вели Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски истакна дека и преку инвестициите во енергетиката планот е Македонија да биде енергетски независна во делот на увозот на електричната енергија, а го најави и носењето на новиот Закон за енергетика. Тој додаде дека со инвестицијата на компанијата „Алказар“ во производство на енергија од обновливи извори на енергија очекува да се произведува струја некаде еден терават час.

    -Еден терават час е отприлика, колку што е 25 % од вкупното производството коешто го имаме како држава и со еден еден терават на час ќе дојдеме до би рекол на чекор до независност, а во периодот којшто следи со носење на новиот Закон за енергетика, каде што ќе бидат предвидени батериски системи и слично, мислам дека во следната веќе 2025, почетокот на 2026 година би можеле да зборуваме за портфолио на државата увоз-извоз нула. Што значи дека ќе ја направиме Македонија енергетски независна од делот на увоз на електрична енергија, изјави Мицкоски.

    За лошата состојба во АД ЕСМ, која се дави во долгови, Мицкоски истакна дека точно е долговите се огромни.

    -За жал во право сте дека во изминатите седум години, ништо не е променото од една состојба, којашто јас кога бев генерален директор во АД ЕСМ со ЕЛЕМ тогаш со 25 милиони евра банкарски депозити, шест милиони евра на сметка и нула долгови, за жал пред некоја недела ја оставија компанијата со повеќе од 80 милиони евра долг, пет милјарди денари, изјави Мицкоски.

    Посочи дека се прави Програма за санација на долговите на АД ЕСМ и како што рече премиерот Мицкоски „верувајте дека многу скоро ќе излеземе од овие долгови коишто ги оставија оние криминалци, коишто претходно го водеа“.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена