Поврзи се со нас

Македонија

Владата останува, опозицијата бара брзи предвремени избори

Објавено

на

Владата останува. Во Собранието синоќа пред полноќ не помина иницијативата од страна на опозицијата за гласање доверба на Владата. Седницата ја затвори претседателот на Собранието Талат Џафери, со образложение дека поради немање кворум, не е отворен дневниот ред и не може да се отвори дебата за гласање доверба на Владата. Претходно, по неизвесноста и бурниот ден, пратениците од опозицијата си заминаа од Парламентот, но изјавија дека не ја повлекуваат иницијативата и побараа брзи предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза.

– Поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Седницата за гласање доверба на Владата е завршена, констатира синоќа Џафери.

Според процедурите на Деловникот, Џафери појасни дека од моментот на прашањето за доверба на Владата, Собранието има право на третиот ден да дебатира за прашањето за доверба на Владата поднесена од опозиција со 61 потпис.

– Имајќи во предвид дека тие немале кворум за целта за која што беше поднесено ова прашање дневниот ред не е изгласан поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Констатирам дека предвидената материја за оваа седница е исцрпена и ја заклучувам оваа седница и констатирам дека седницата е завршена. На Владата и посакувам успех во наредните денови коишто ги има извршната власт, изјави Џафери.

На седницата синоќа беа присутни само претставниците на Владата предводена од Зоран Заев.

Откако беше затворена седницата, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби пред Собранието во изјава за медиуми рече дека граѓаните треба да бидат спокојни оти вечерва победила евроатлантска Македонија.

– Победи Македонија со добрососедски односи. Македонија во добри пријателски односи со САД, со ЕУ, Македонија во добри односи помеѓу заедниците и благодарен сум и на сите коалициони партнери, изјави Груби, порачувајќи дека со ова парламентарно мнозинство останува загарантирана интеграцијата во Европската Унија.

Прашан дали „Алтернатива“ е новиот партнер, Груби рече дека добредојдени се сите кои посакуваат земјата да е интегрирана во ЕУ, да има добрососедски односи, мир и стабилност.

Претходно, пратениците од опозицијата си заминаа од Собранието, но како што изјавија не ја повлекуваат иницијативата за гласање доверба на Владата. Бараат брзи предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во име на коалицијата синоќа пред Собранието изјави дека демократијата е погазена и оти власта се обидува по секоја цена да остане на власт.

– За жал, имаме уште еден ден којшто ќе остане запишан во црните страници на македонската историја затоа што денес во Македонија се погази демократијата. Денес во Македонија беше киднапиран пратеник. Денес во Македонија видовме како режимот на власт се трансформира во најкриминоген режим воопшто видено на просторот на Европа. За тоа ќе има одговорност многу побрзо од тоа што мислат, ќе дојде денот кога ќе одговараат сите тие коишто денеска киднапираа пратеник и сите оние кои денес одземаа телефони од пратеници, ги чуваа пратениците во одредени простории за да не можат да излезат и да комуницираат и направија се македонската демократија да биде погазена, рече Николоски.

На почетокот на седницата, присуствуваа 61 пратеник, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата бидејќи, како што рече, не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието Фадил Зендели да ја води седницата. При пребројувањето беше констатирано дека на седницата присуствуваа 60 пратеници. Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а без нив и без Кастриот Реџепи од Беса кој најави дека нема да учествува на собраниската седница, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60.

Според членот 95 од парламентарниот Деловник, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници, односно 61.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена