Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 12/02/2019 | 20:17

Владата соопшти дека стапува во сила новото име Република Северна Македонија

„Известуваме дека се исполнети условите за влегување во сила на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година. Истите влегуваат во сила денес, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник.“, стои во соопштението од владината прес служба.

Владата вечерва го смени името на земјата на официјалниот веб сајт каде е напишано Влада на Република Северна Македонија.

Претходно грчкиот Парламент го ратификуваше протоколот за пристапување во НАТО и испрати Вербална нота.

Напишете коментар