Вести
Владеат горештини – носете капа и пијте течности
Македонија е зафатена со температури од жолта фаза, која го крева алармот на подготвеност за топлотен бран. Од Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат сончево и многу топло време со температури кои во делови од земјава ќе достигнат до 38 степени. Министерството за здравство излезе со следните препораки за заштита од топлотниот бран:
За време на топлиот период во денот (од 10 до 17ч.) избегнувајте напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности. Носете светла и лесна облека, затоа што светлите бои ја рефлектираат светлината. При директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа. Останете во затворени климатизирани простории (обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35степени целзиусови). Затворете ги прозорците и ролетните во текот на деноти, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска. Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер. Пред употреба задолжитено миење на зеленчукот и овошјето. Внесувајте големо количество течност, почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци. При неопходен престој на отворен простор најдете можности за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце. Хроничните болни, посебно тие со сдрцеви, невролошките и белодробните болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
Во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград