Гостивар
Владиците г.Пимен и г.Јосиф отслужија молебен на гробот на Св. Кирил

На празникот на Сесловенските просветители и рамноапостоли Св. Кирил и Методиј во базиликата „Сан Клементе“ во Рим денеска се одржа молебен на гробот на Св. Кирил.
Молебенот го отслужи Митрополитот Европски г.Пимен, во сослужение на Митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф.
На молебенот присуствуваше и висока македонска државна делегација предводена од премиерот, Димитар Ковачевски.
„Овој празник традиционално се одбележува со манифестацијата ,,Македонија во чест на Св. Кирил” на државно-црковна делегација од Македонија од 1958 година.
Во рамките на активностите поврзани со одбележувањето на денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, државно-црковната делегација присуствуваше на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск и на повеќе културни настани и приеми.“, информираа од Тетовско-гостиварската епархија.
Дел од делегацијата е и Архерејскиот намесник на Гостиварското архиерејско намесништво, Протоереј Марјанчо Мадевски.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022