Поврзи се со нас

Македонија

Владика од Вселенската патријаршија за Иванден во Бигорскиот манастир

Објавено

на

На манастирската слава во Бигорскиот манастир по повод раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден, допатува епископот Аморејски г. Никифор, кој е владика од клирот на Вселенската Патријаршија и актуелен игумен на манастирот Влатадон во Солун.

Владиката Никифор молитвено претстоеше на сеноќното бдение во Бигорски, а утрово ќе сослужува на Литургијата со која ќе чиноначалствува Дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј.

Пред Литургијата петмина браќа од Бигорскиот манастир ќе примат монашки чин.

При свечениот манастирски пречек, свое обраќање кон гостинот од Вселенската Патријаршија, имаше игуменот на Бигорскиот манастир, епископ Антаниски г. Партениј.

-Вашето доаѓање тука, во десетвековната Светиња на Крстителот Господов, не е случаен настан. Тоа е, всушност, сесветол зрак од Фенерот на Православието, милост и грижа од Мајката Црква во Константинопол, показ на единството во Христа преку Великата Христова Црква, Вселенската Патријаршија. Впрочем, Вие сте првиот архиереј кој доаѓа да сослужува со нас овде, во нашиот Манастир, по историската одлука на Првопрестолната Вселенската Патријаршија од 9 мај оваа година, со која Охридската Архиепископија беше примена во богослужбено и канонско единство со едната, света, соборна и апостолска Црква, по што следеше и помирувањето со Православната Црква на Србија и нејзината препорака за автокефалност. Неслучајно Чесниот Претеча Ве избрал токму Вас, затоа што Вие, низ изминатите години, додека сè уште бевме во длабока изолација од останатите помесни православни Цркви, покажавте сочувство и љубов кон нас, бевте наш сострадалник, докажавте дека имате искрена грижа за единството на Црквата Христова и на секој начин помогнавте да биде исцелена нашата повеќедецениска рана. Со благослов на Неговата Сесветост, Архиепископот на Новиот Рим и Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, Вие посредувавте за средби и за остварување на добри врски меѓу претставници од нашата помесна Црква и од Вселенската Патријаршија, а Вашиот Свештен Патријаршиски Манастир, во чудесно убавиот и историски центар на градот Солун, го отворивте за наобразба и за школување на наши монаси и студенти, рече владиката Партениј.

Од своја страна, епископ г. Никифор, ја изрази својата благодарност за срдечниот пречек во манастирот.

-Притекнавме наваму, во оваа Света Обител на Чесниот Претеча, со срдечна радост и сето ова го сметаме за голема чест и благослов, по чудото што го доживеавме за време на пасхалниот период: да Го исповедаме Господа Христа Кој се јави во тело со заедничката чаша на животот и така навистина да станеме едно. Ние, всушност, сме едно, зашто еден е Христос. И како што знаете, Свети епископе Антаниски, од моментот кога Ве запознав, моето срце беше поробено од Вашата љубов, како и од љубовта на овие добри деца тука, така што не можев, а да не станам Ваш сопатник при тој тежок крст што Вие го подигнавте. И доколку случајно нешто добро сум направил, тоа беше само мое послушание, моја служба, којашто требаше да ја извршам. Затоа што вистината треба да излезе на површина и да биде прифатена. Имајќи ги овие размисли, а и повторно изразувајќи ги своите благодарности за честа со која нè пречекавте, верувам дека оваа чест му се оддава имено на великиот водач и предводник на Православните, Вселенскиот Патријарх. Оти, од првиот момент кога Му ги пренесов нашите разговори, тој го прими сето тоа во својот благозвучен ум, бидејќи во своето срце ја чувствуваше тежината од поделеноста и секогаш во своите молитви се застапуваше за да се реши ова прашање. Мислам дека истото тоа Ви го искажа и Вам. Следствено, на тој човек, кому сиот живот, целиот животен тек, му е едно себежртвување за Црквата, му ги оддаваме сите празнувања и почести. Навистина, предминатата недела додека бев во Фанар, кога му соопштив дека ќе дојдам кај Вас, со голема радост ми рече: Да му ги пренесеш мојот татковски благослов и молитви на Светиот Антаниски, на неговото братство, на неговите монашки заедници, сестринствата во женските манастири, но и на сите духовни чеда што ги возложиле своите срца во неговите раце, изјави г. Никифор.

Од Бигорски истакнуваат дека оваа година за празникот Иванден дошле бројни архимандрити, свештеници, монаси и верници од соседните православни Цркви на Албанија, Бугарија, Грција и Србија, а православни Христијани допатувале специјално за бигорската слава дури и од Франција.

Сподели ја веста:
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 6 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 14 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 15 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 17 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 18 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 18 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 1 ден

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 2 дена

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена