Поврзи се со нас

Гостивар

Владиката г.Јосиф богослужеше света литургија во Гостивар: Постојано да се трудиме да станеме подобри личности

Објавено

на

Утрово, на недела пред големиот христијански празник Божиќ, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар. Во својата беседа Владиката нагласи: „Денес молитвено и единодушно во овој храм сме собрани и нашата радост е полна, бидејќи е заедничка во домот на нашиот Отец небесен, во Божјата Црква, чиј аголен камен е Самиот наш Спасител. За да се биде вистински христијанин – треба постојано да се трудиме во подвизите да станеме подобри личности. Господ во Својата последна беседа, на учениците им заповедал да се љубат еден со друг. Да се пребива во љубовта, значи да се пребива во Бога. Љубовта е небесен оган кој Христос го донесе на земјата, тој оган мора да го преобрази човекот. Без огнот на љубовта, човековата душа останува студена како труп. Љубовта кон Бога се гледа и од љубовта кон ближните. „Ако некој рече: Го љубам Бога а го мрази својот брат, тој е лажливец зашто кој не го љуби својот брат, кого го видел, како може да Го љуби Бога, Кого не го видел?” (1 Јн. 4, 20). Додека во Стариот Завет ближен бил само оној кој припаѓал на израелскиот народ, во Новиот нема граница, туку сите луѓе се наши ближни, бидејќи сите се деца Божји. Само љубовта кон Бога ни дава да го сакаме човекот, дури и кога е во грев. Секој христијанин е вистински само ако ги исполнува овие две заповеди: љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето–овие две добродетели, односно христољубивоста и човекољубивоста. И ќе завршам со зборовите на старецот Доротеј кој ни сведочи дека, според мерката на развивањето на љубовта кон Бога, се развива и љубовта кон човекот. Едната љубов ја распламтува другата.“

Верниците на крај од литургијата се причестија со светите тајни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена