Гостивар
Владиката г.Јосиф богослужеше света литургија во Гостивар: Постојано да се трудиме да станеме подобри личности
Утрово, на недела пред големиот христијански празник Божиќ, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар. Во својата беседа Владиката нагласи: „Денес молитвено и единодушно во овој храм сме собрани и нашата радост е полна, бидејќи е заедничка во домот на нашиот Отец небесен, во Божјата Црква, чиј аголен камен е Самиот наш Спасител. За да се биде вистински христијанин – треба постојано да се трудиме во подвизите да станеме подобри личности. Господ во Својата последна беседа, на учениците им заповедал да се љубат еден со друг. Да се пребива во љубовта, значи да се пребива во Бога. Љубовта е небесен оган кој Христос го донесе на земјата, тој оган мора да го преобрази човекот. Без огнот на љубовта, човековата душа останува студена како труп. Љубовта кон Бога се гледа и од љубовта кон ближните. „Ако некој рече: Го љубам Бога а го мрази својот брат, тој е лажливец зашто кој не го љуби својот брат, кого го видел, како може да Го љуби Бога, Кого не го видел?” (1 Јн. 4, 20). Додека во Стариот Завет ближен бил само оној кој припаѓал на израелскиот народ, во Новиот нема граница, туку сите луѓе се наши ближни, бидејќи сите се деца Божји. Само љубовта кон Бога ни дава да го сакаме човекот, дури и кога е во грев. Секој христијанин е вистински само ако ги исполнува овие две заповеди: љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето–овие две добродетели, односно христољубивоста и човекољубивоста. И ќе завршам со зборовите на старецот Доротеј кој ни сведочи дека, според мерката на развивањето на љубовта кон Бога, се развива и љубовта кон човекот. Едната љубов ја распламтува другата.“
Верниците на крај од литургијата се причестија со светите тајни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар