Гостивар
Владиката г.Јосиф чиноначалствуваше на света литургија во новоизградена црква во Загреб

Во храмот св. Злата Мегленска во Загреб, Хрватска на покана на митрополитот Европски г.Пимен, митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф чиноначалствуваше на светата литургија, соопштија од епархијата. На литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен завршениот богослов Дејан Белчовски.
„Благодатта Божја денес нѐ собра во овој наш новоизграден храм посветен на светата маченичка Злата Мегленска, овде во главниот град на Република Хрватска, во Загреб, каде по Божји благослов се изгради овој свет храм, чие подигнување предизвикува радост во нашите срца. Таа радост особено се чувствува во овој октомвриски неделен ден, кај сите нас, кои сме учесници на оваа литургиско собрание во пресрет на прославата на споменот на Вашата заштитничка и молитвеничка пред Троичниот Бог, на светата Злата, по чии што молитви се изгради и подигна овој македонски храм, кој со својата архитектонска и културна големина несомнено ќе стане дел од многуте културни споменици, кои со векови го красат овој европски град. Совршената Божја промисла несфатлива за нас неговите чеда, благоволи во оваа недела да ја отслужиме и првата Божествена литургија, на која ги принесовме нашите молитви за поскоро довршување и осветување на овој нов парохиски храм, кој е особено значаен најнапред за сите вас како и за сите Македонци во Хрватска, но и за Македонската православна црква – Охридската архиепископија, која несомнено како наша заедничка духовна мајка е чувар на нашиот национален, културен и црковен идентитет, како во епархиите во татковината, така и во епархиите во дијаспората.“, подвлече во своето слово-проповед митрополитот г.Јосиф.
фото:тетовско-гостиварска епархија
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава