Гостивар
Владиката г.Јосиф чиноначалствуваше со света литургија во „Пресвета Богородица“ во Гостивар

Денес (14.08.2022 година), во деветата недела по Педесетница, во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар, беше отслужена света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф. Владиката пред верниците изрече своја беседа за почеток на Богородичниот пост и за денешното прочитано евангелие.
На крајот од литургијата верниот народ се причести со светите тајни.
Богородичниот пост трае од денес до 28 август, а е востановен пред големите празници Преображение Господово и Успение на Мајката Божја.
За време на постот, Црквата налага умерено конзумирање на посна храна и пијалоци. Правилата налагаат од понеделник до петок да биде строг пост, без масло, додека во саботите и неделите е дозволено масло и вино. Риба се дозволува само на празникот Преображение Господово (19 август).
Освен телесниот верниците треба да се придржуваат и до духовниот пост кој подразбира одрекување од грешни и зли мисли, желби и дела, духовна борба против страстите.
фото:тге
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче