Гостивар
Владиката г.Јосиф отслужи Големо повечерие во црквата Св.Никола во Маврово

Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на протоереј Трпе Богоевски и ѓакон Славчо Ѓоргески денес (вторник) отслужи Големо повечерие со Покајниот канон на свети Андреј Критски, во храмот Св.Никола во Маврово.
„Значењето на овој канон е повикот за покајание, повикот за промена на начинот на нашиот живот, според учењата на Спасителот Христос. Канонот се нарекува Голем, бидејќи во него има околу 250 тропари. Содржината на тие тропари нè упатува на Светото Писмо. Во канонот се опишани голем број на настани од Свештената историја. Преку примерот на библиските настани, се покажува дека Бог им простува на луѓето, дури и покрај големите падови, потсетувајќи не дека покајанието е промена во начинот на живот, односно радикална промена во животот.“, соопштија од епархијата.
Велигденскиот пост почна вчера и ќе трае седум недели. Постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Постот е време за повеќе молитва и за повеќе добри дела.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение