Поврзи се со нас

Гостивар

Владиката г.Јосиф: Утре за прв пат по канонизацијата торжествено ќе го чествуваме св. Кирил Лешочки во Лешочкиот манастир

Објавено

на

По повод утрешниот празник на св. Кирил Лешочки, ден кој беше одреден и од Светиот Архиерејски Синод (САС) на МПЦ-ОА за негов годишен празник, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф по отслужената литургија утрово ги повика верниците да дојдат во Лешочкиот манастир за првото литургиско празнување на Светиот Кирил Лешочки.

„Поминаа само неколку месеци од канонизацијата на светиот Кирил и ете по тие торжествени собитија, на кои се сеќаваме со голема радост, семилостивиот Господ опкружен со македонските светители благоволи да го дочекаме и неговиот светол празник, којшто утре за прв пат по канонизацијата торжествено ќе го прославиме во Лешочкиот манастир, упатувајќи ги нашите молитви кон него како кон наш светител и молитвеник пред престолот Божји. Но утрешното чествување на неговиот празник не е првиот март, во кој ние ќе се собереме во Лешок во спомен на ова наше светило. Повеќето од нас низ годините што изминале, свесни за духовната величина на светиот Кирил секој март со години доаѓале на неговиот гроб и учествувале на поменот со кој го одбележуваме неговиот спомен. Но ако до лани се собиравме и служевме помен, од утре па натаму, секоја наредна година, секој 25 март, ќе се собираме и богослужбено ќе ја пееме неговата служба и молитвено ќе се сеќаваме на неговиот светол лик“, рече во својата беседа  владиката.

Утре во Лешочкиот манастир во 8 часот и 30 минути ќе има пречек на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и архиереите на МПЦ-ОА, по што ќе започне Светата литургија во 8 часот и 40 минути по повод првото литургиско чествување од канонизацијата на Свети Кирил Лешочки.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 6 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 9 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 11 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 13 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 14 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 15 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 16 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 17 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 18 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена