Поврзи се со нас

Македонија

Владиката Партениј за употребата на социјалните мрежи и вештачката интелигенција

Објавено

на

Епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир се осврна на употребата на социјалните мрежи и вештачката интелигенција, оценувајќи дека она што ја карактеризира нашата епоха особено предизвикувачко е начинот на кои тие се користат, посебно „социјалните мрежи на кои одредени поединци, без вистинско знаење, но со нескротена амбиција, се претставуваат како авторитети во верата, што е навистина погубно за црковното ткиво“.

  • Во денешно време, сите стануваат „учители“ на интернет. Гледаме луѓе, кои себе си се сметаат за големи православци, немаат ни соодветна теолошка наобразба, ниту потребно искуство и призив, а сепак, создаваат сајтови, платформи и профили, прогласувајќи се себеси за авторитети во верата. Оние кои Светото Писмо ги нарекува „необрезани по дух и по срце“, шират своја верзија на „вистината“, на „православието“, без љубов, без смирение, без црковна свест и без вистински личносен однос со Бога, вели владиката Партениј.

Додава дека овие самоповикани учители и инструктори ја проповедаат верата без лично да ја живеат, се ставаат себе си и над владици, свештеници, синоди и нивните дела и зборови не сведочат за Христовата љубов и вистина.

  • Наместо тоа, тие создаваат смут меѓу луѓето, воведуваат поделби и водат кон заблуди, фанатизам, осудување. Иронијата е што многумина од нив не се ни препознаваат кои се – скриени зад анонимни или јавни профили или ботови, тие ја користат технологијата, за да го распространат својот дух на тврдоглавост, фанатичност и осудување. Најново, живееме во време кога дури и вештачката интелигенција може да ни даде одговори за разни теолошки прашања; да ни каже, на пример, за животот на Свети Стефан, или за некои други аспекти на теологијата. И оние чијшто живот се претворил во еден, би рекле, „православен андроид“, кои постојано киснат на социјалните мрежи и си мислат дека прават големо дело за верата и дека се прави проповедници и исповедници, ги злоупотребуваат можностите на вештачката интелигенција за погубни цели, најчесто за клевети и осудување, посочува владиката.

Меѓутоа, нагласува, да се потсетиме дека, пред сè, вештачката интелигенција не е интелигенција во онтолошка смисла на зборот, туку тоа е еден несреќно избран термин, дека тоа е, всушност, една огромна база, или како што модерно се нарекува „облак“ на податоци и на човечки знаења стекнати со огромен труд, напор и време, којашто функционира според принципот на математички алгоритми.

Според него, со други зборови, тоа доаѓа како еден вид крадење на човечкото искуство, без никаков напор и одговорност и затоа, одговорите што ги даваат тие платформи се плод на алгоритми и на брзо и лесно присвојување на туѓ труд, а не на искуството на живата вера.

  • Тие не можат да ни ја откријат длабочината на Христовата љубов и наука и преобразувачката моќ на Светото Евангелие. Токму затоа е особено важно да не се препуштаме на дигиталните и површни одговори и написи. Не заборавајте дека верата е пред сè и над сè живот – живот во Христа, живот во заедница со Него и со Црквата Негова. Само преку живо сведоштво и лично искуство, преку учество во Светата Литургија и во Светите Таинства на Црквата и преку подвигот на љубовта, саможртвата и смирението можеме да Го запознаеме Христа и да бидеме Негови вистински ученици, порачува тој.

Она што се случува на социјалните мрежи, вели владиката, каде што одредени поединци, без вистинско знаење, но со нескротена амбиција, се претставуваат како авторитети во верата е, навистина погубно за црковното ткиво. Такви луѓе, за жал, според него, не само што не сведочат за Христа, туку многу повеќе предизвикуваат смут, раздор и конфузија меѓу верниците.

  • Еден исфрустриран човек, на пример, кој се покажал како неуспешен во естрадната сцена или во другите аспекти на животот, сега се занимава со ширење небулози и неосновани клевети, злоупотребувајќи го притоа логото и името на МПЦ. И илјадници го следат на социјалните мрежи, но тој, наместо да ги упатува верниците кон Христос, предизвикува раздор. Во него гледаме одраз на оние ликови од времето на Свети Стефан, кои, полни со тврдоглавост и гордост, не сакале да ја слушнат вистината и го каменувале Архиѓаконот до смрт. Каменување и линчување во духовна смисла имаме и денес. И сега имаме самозамислени праведници, учители, чувари на „чистотата на верата“, тврдоглави и закоравени во своите ставови, коишто не сакаат да послушаат друг, да слушнат друго мислење, да размислат, да прифатат аргументи и факти, туку однапред ги имаат „изградено“ своите ставови, засновани на гордост, егоизам, инает и спротивставување, нагласува владиката Партениј.
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 13 часа

Црвена леќа – мешунка со мноштво здравствени придобивки

Македонијапред 14 часа

Етика во религиите да се врати како задолжително-изборен предмет, бара Асоцијацијата на професори

Гостиварпред 17 часа

Уште една пријава за напад од куче скитник во Гостивар

Македонијапред 18 часа

АНБ воведува задолжително полиграфско тестирање во процесите на проверка и селекција

Македонијапред 18 часа

Дали ќе се ограничат маржите на основните производи? Трговците и дистрибутерите на средба со министерот за економија

Македонијапред 19 часа

„Клексан“ ќе може да се зема во аптеките со рецепт, наместо да се бара рефундација

Светпред 20 часа

Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила од 1 април поради неисправност

Гостиварпред 21 час

Таравари: Ваљбон Лимани потенцијален кандидат за градоначалник на Гостивар од ВРЕДИ

Македонијапред 22 часа

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 3 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена