Поврзи се со нас

Македонија

Власта и опозицијата со непроменети ставови пред почетокот на собраниската седница

Објавено

на

Пратениците од власта и опозицијата остануваат на своите ставови пред почетокот на денешната собраниска седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измени на Уставот.

Според СДСМ, денешната седница ќе покаже дали ВМРО-ДПМНЕ е за или против Европската унија. Измените на Уставот, велат оттаму, се потребни за да продолжи евроинтегративниот процес и отворањето на поглавјата од процесот на преговори.

-Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или е за изолација, седнат во скутот на Левица. Доколку ја одбере Левица и анти-европскиот блок Мицкоски отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ, информираа од СДСМ.

Од ДУИ сметаат дека денешната седница е одлучувачка за европската иднина на државата и апелираат до сите пратеници да размислат за важноста на нивната историска улога.

-Овој историски момент не треба и не можеме да го изгубиме, изјави пратеничката Арта Зендели пред почетокот на собраниската седница.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да не даде поддршка за уставните измени.

-НЕ за уставни измени! Македонскиот народ има своја засебна историја, култура и свој македонски јазик, а Македонија јасен државно – политички континуитет. Македонија е реализација на желбите за независна држава на вековните копнежи и борби на Македонците! Затоа ниедна наметната власт, ниедна сила и притисок не може да не натераат да се избришеме, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на „Фејсбук“.

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов очекува брзо да заврши пленарната седница и дека ќе нема мнозинство за уставните измени.

–Очекувам за многу брзо да заврши седницата и да не се гласа се до новиот парламентарен состав. Денеска седницата ќе заврши многу брзо и нема да има мнозинство за да се донесат промените за Уставот и ќе се развлекува тоа. Така да, тоа е засега мојата проценка, изјави Трајанов пред почетокот на седницата.

Од „Алтернатива“ сметаат дека седницата нема да заврши денеска и дека овој процес ќе потрае, додека независниот пратеник Скендер Реџепи во изјава за медиумите дадена пред почетокот на сендицата рече дека нема можности за уставни измени.

Пленарната седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за приспатување кон измена на Уставот беше закажана во 11 часот, но започна со еден час задоцнување.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Вестипред 39 минути

Земјотрес регистриран во централна Турција

Македонијапред 2 часа

Се‘ повеќе возила на патиштата, најчесто се увезуваат половни дизел автомобили

Гостиварпред 3 часа

Контрола во полошко-Исклучени од сообраќај возачи под дејство на алкохол

Здравје и убавинапред 4 часа

Зачини кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Вестипред 17 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 18 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 20 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 21 час

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 22 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена