Поврзи се со нас

Гостивар

„Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ“ – изјава на Драгољуб Филипоски кандидат за пратеник од СДСМ

Објавено

на

Во денешната изјава на кандидатот за пратеник од коалицијата „Можеме“ што ја предводи СДСМ, Драгољуб Филипоски фокусот е ставен на политиките за евроатланските интеграции.

„Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ – СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ нуди конфликт. Од едната страна е членството во НАТО, од другата страна е белата барокна палатa. Од едната страна се Брисел и преговорите со ЕУ, од другата страна се Хунзите, Белизе и Субрата Роj. СДСМ нуди кадри кои земјата ја однесоа на прав пат, ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски. Пред три години нашата држава беше во длабока изолација, заробена во режим, скарана со соседите, без никаква евроинтегративна перспектива. Процесите на интеграција во ЕУ и НАТО беа на маргините, додека режимот правеше се за да ја држи земјата што подалеку од двата најмоќни светски сојузи. За само три години, преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја вратиме државата на правиот пат, на патот на евроинтеграциите. Денес сме 30 земја членка на НАТО, еднакви во најсилниот и најважен воено-безбедносен сојуз. Нашите граници се трајно обезбедени, а нашата национална безбедност и сигурност никогаш не биле на повисоко ниво.“, изјавува Филипоски.

Во обраќањето кандидатот за пратеник од СДСМ од Гостивар нагласува дека членството во НАТО е влезна карта за Европската Унија, од кои фондови за земјава биле обезбедени 2,5 милијарди евра.

„Тоа се повеќе пари за справување со коронакризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водовод. Тоа се европски пари за европски стандарди дома. ВМРО-ДПМНЕ три години правеше се да го блокира напредокот кон ЕУ и НАТО, се промовираше како анти ЕУ и анти НАТО партија предводена од антизападниот Мицкоски. Денес Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се закана за членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, тие нудат само обнова на режимот, тие сакаат државата да биде изолаирана, да ги манипулираат граѓаните со лажни митови и лажен патриотизам додека парите завршуваат во белиот дворец. Граѓаните тоа нема да го дозволат, на 15 јули тие ќе одберат да продолжиме на прав пат кон ЕУ и НАТО и нема да дозволат враќање на изолацијата и обнова на режимот.“, подвлекува Филипоски.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена