Вести
Влезниците за Суперкупот во Скопје ќе чинат помеѓу 900 и 2400 денари
Од средината на јуни ќе започне продажбата на билетите за најголемиот спектакл во Скопје „УЕФА Суперкупот“, кој ќе се одигра на 8 август на Националната Телеком арена. Она што е најважно е дека цената на билетите ќе биде достапна за македонската јавност, таа ќе се движи од 15 евра до 38 евра.
Картите за овој фудбалски спектакл ќе може да се купат он-лајн преку официјалниот сајт на УЕФА. Според правилата 10% од капацитетот на Телеком арената (33.400 седишта) ќе биде намален поради безбедноста на ВИП ложите и местата предвидени за новинарите.
За македонската јавност, поточно сите оние кои што ќе сакаат да го проследат дуелот меѓу победниците од Лигата на шампиони и Лигата на Европа ќе бидат на располагање околу 20.000 билети.
Инаку, во моментов со полн ек се работи на реновирање на нашиот најголем стадион. Досега се поминати повеќе од 80 различни инспекции на Европската куќа на фудбалот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград