Гостивар
ВМРО ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето
Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар, во соработка со Општинскиот комитет и Унијата на млади сили го одбележа Светскиот ден на срцето, 29 Септември со активност на градскиот плоштад. На посебен штанд, медицинари на граѓаните бесплатно им вршеа мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, при тоа споделувајќи совети за превенција од кардиоваскуларни заболувања.
„Организираме активност по повод Светскиот ден на срцето, со цел да ги потсетиме и да ги мотивираме да се грижат за сопственото здравје, да внимаваат, да делуваат превентивно за да ги намалат ризиците од срцеви заболувања. Ковид пандемијата некако предизвика да заборавиме на важноста на превенцијата, редовните лекарски контроли што треба секој да ги практикува. На штандот мериме крвен притисок и шеќер во крвта, зборуваме со граѓаните за нивната здравствена состојба и им даваме стручни совети. ВМРО ДПМНЕ како партија секојдневно е присутна меѓу граѓаните, а не само кога се избори, сметаме дека тоа е важно, затоа и организираме ваков тип на настани“, рече претседателката на УЖ на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар, Анета Ќироска, која по професија е лекар.
Во рамки на активноста на минувачите има беа поделени и летоци со едукативно-мотивирачка содржина, совети за добро здравје со пораки: Ветете дека ќе јадете здраво и пиете разумно, дека ќе бидете поактивни физички, дека ќе кажете НЕ на пушењето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар