Парламентарни избори 2024
ВМРО-ДПМНЕ и 24 политички субјекти ја потпишаа изборната коалиција „Твоја Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ денеска со 24 политички субјекти и организации потпиша Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата наречена „Твоја Македонија“.
По потпишувањето на Повелбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за Претседателските и Парламентарните избори целосно и недвосмислено ќе се води од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски нагласи дека ова е финалната предизборна коалиција со која ќе настапат на претстојните избори.
Мицкоски потенцира дека врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“ се развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“.
- Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт. Основниот концепт за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и развој на креативноста на личноста. Се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и други инфраструктурни проекти, рече Мицкоски.
Според Мицкоски, коалицијата манифестира јасна, непоколеблива и цврста решеност да реализираат реформи кои, како што рече, ќе обезбедат долгорочен економски раст и напредок на Македонија.
Апелира да има масовна излезеност на изборите бидејќи, како што рече, неизлегувањето подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт.
Како што најави Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата утре ќе одржат Конвенција за претставување на кандидатите за пратеници кои вчера беа потврдени на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?